Политика за приватност
Демо текст. Берберницата КРОН е измислена: страницата го покажува распоредот на вистински правен текст и не е правен совет.
Во сила од 15 септември 2026.
Кој сме
Берберницата ја води Крон ДООЕЛ Неготино, ул. Маршал Тито 41, 1440 Неготино, ЕДБ MK4043021486527. Прашања за податоците: termin@kron.box2.bio или +389 43 362 118.
Што запишуваме
Кога закажувате термин: вашето име, телефонскиот број, услугата, берберот, денот и часот.
Не мериме посети и не следиме никого низ страницата: нема аналитика ни рекламни колачиња.
За што ни служат
За да ви го потврдиме терминот со SMS и да ве известиме ако мора да се помести. Не ви праќаме реклами.
Колку долго остануваат
Податоците за терминот ги чуваме 30 дена по терминот, потоа ги бришеме.
Со кого ги делиме
Ги гледаат само берберите во КРОН. Услугата што ја праќа SMS-потврдата го добива само вашиот број и текстот на пораката. Податоците не ги продаваме и не ги даваме никому друг.
Што можете да побарате
Да ги видите податоците што ги имаме за вас, да ги поправите или да ги избришеме. Постапката е на страницата Бришење податоци.
Ако не сте задоволни од нашиот одговор, жалба може да поднесете до Агенцијата за заштита на личните податоци.